Домашен чоколаден намаз готов за 5 минути: Кога еднаш ќе го пробате, веќе нема да купувате

Домашен чоколаден намаз готов за 5 минути: Кога еднаш ќе го пробате, веќе нема да купувате

Повеќето состојки веројатно веќе ги имате во кујна, а кондензираното млеко може да се купи во секоја поголема продавница.

Состојки:

  • 150 гр излупени лешници
  • 100 гр темно чоколадо
  • 1 лажица какао
  • 300 мл засладено кондензирано млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици млеко
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени. Обложете тепсија со хартија за печење и распоредете лешници, па печете ги 8-10 минути. Кога ќе попримат златна боја, иситнете ги во блендер (треба да добиете смеса слична на путер од кикирики). 
  2. Растопете го чоколадото на слаб оган, додајте кондензирано млеко и добро измешајте. 
  3. Во блендер ставете чоколадо, какао, екстракт од ванила, сол и лешници. Соединете, додајте млеко за намазот да не биде премногу густ. Измиксајте, пробајте и додајте уште млеко по потреба. 
  4. Ова чоколадно задоволство можете да го чувате во тегла на собна температура четири, а во фрижидер до 30 дена.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*