Рецепт кој се пренесува од колено на колено: Највкусни ванилици со ореви

Рецепт кој се пренесува од колено на колено: Највкусни ванилици со ореви

Направете вкусни колачиња – ванилици со ореви. Рецепт на нашите баби и мајки кој се пренесува со генерации, а не губи на популарност.

Ова е рецептот за колачињата кои едноставно се топат во уста:

Состојки:

  • 125 гр посен маргарин
  • 1 кора и сок од лимон
  • 100 гр мелени ореви
  • 150 гр шеќер во прав
  • 350 гр брашно
  • малку прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • малку џем

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот се мати со миксер и се додаваат 100 грама шеќер во прав, рендана кора од лимон и сокот од лимонот, брашното и малку прашок за пециво.
  2. Се додава и ванилин шеќер, па мелени ореви во садот и се замесува тесто.
  3. Се развлекува тестото и со мала часа се вадат кругови, се редат на плех со хартија за печење.
  4. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
  5. Се ладат и се мачкаат со џем, па се лепат една врз друга, па одозгора се става останатиот шеќер во прав.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Крофни од банана и јаболка

Експрес крофни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта