Врвен рецепт за ќофтиња во сос – Нивниот „шмек“ мами на трпеза

Врвен рецепт за ќофтиња во сос – Нивниот „шмек“ мами на трпеза

За сите љубители на месо, ова е одличен рецепт за ќофтиња со неодолив шмек.

Еве како да подготвите вкусен ручек:

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 50 гр ориз
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1,5 лажица брашно
  • 500 мл доматен сос
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад се става меленото месо со оризот, црвениот пипер и вегетата, сè убаво се меша, па се додаваат ситно исечканата главица кромид и јајцето. Се става бибер и се меша да се соедини.
  2. Ставете малку вода во тенџере и оставете да зоврие, па се додава доматниот сос и уште малку вегета.
  3. На рацете се става масло, па се обликуваат ќофтиња со големина на јајце и се додаваат во тенџерето.
  4. Се загрева масло и се става брашното кратко да се пропржи. Се трга од шпорет кога ќе добие златна боја и се става во тавата со сос и ќофтиња.
  5. Се става и сол и се динста околу половина час.

Пријатно јадење!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Деликатесни ќофтиња со маслинки

Поховани ќофтиња кои ќе ви станат омилени

Највкусни домашни плескавици

Плескавици од компир и пилешко

Гурмански плескавици

Посни плескавици

Плескавици од туна и тиквици

Плескавици од зеленчук

Плескавици кои ќе ве воодушеват

singlepost_text