Не се знае што е поубаво, кремот или глазурата – Киндер колач

Не се знае што е поубаво, кремот или глазурата – Киндер колач

Направете вкусен киндер колач кој навистина ќе ве примами и ќе биде уживање за сите сетила.

Еве го рецептот:

Состојки за кора:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици топла вода
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици масло
  • 1,5 лажица какао
  • 1 лажичка прашок за пециво

Состојки за крем:

  • 1/2 л слатка павлака
  • 1 дл млеко
  • 1 желатин

Состојки за глазура:

  • 200 гр чоколадо
  • 150 гр маргарин
  • 2-3 лажици млеко

Начин на подготовка:

  1. Добро се матат жолчките со шеќерот, па полека се додава водата во садот, потоа маслото и брашното, па какаото и прашокот за пециво.  На крај се матат пенасто и белките и се додаваат во истиот сад. Убаво соединете и поделете ја смесата на два дела.
  2. Се става смесата во два плеха кои поединечно се печат во загреана рерна на 180 степени додека да поруменат.
  3. Се мати слатката павлака, па се топи на оган желатинот во млекото и се додаваат во павлаката. Соединете и добивате крем.
  4. Се топи и чоколадото во друг сад заедно со маргаринот и млекото. На овој начин добивате глазура.
  5. Врз едната кора се нанесува половина од кремот, па половина од глазурата. Се остава да се стегне неколку минути, па се става другиот дел од кремот, потоа другата кора, па најодозгора и глазурата која остана.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

singlepost_text