Касато торта – Рецепт со 7 состојки, без печење и матење со мискер

Касато торта – Рецепт со 7 состојки, без печење и матење со мискер

Брза и лесна торта која нема да ви одземе многу време, а ќе уживате во нејзиниот вкус.

Еве го рецептот на Сања:

Состојки:

  • 300 гр бисквити
  • 3 банани
  • 3 пудинзи од чоколадо
  • 250 гр шеќер
  • 1 л млеко
  • 200 гр хопла или шлаг пена
  • рендано чоколадо или мрвици

Начин на подготовка:

  1. Во млекото се вари пудингот, заедно со шеќерот. Бисквитите ги кршиме на ситни парчиња и во нив се додава топлиот пудинг и бананите кои ги сецкаме на четвртинки.
  2. Ставете ја смесата за торта во правоаголен рамен плех, а потоа во замрзнувач да се замрзне.
  3. По еден до два часа ја вадиме и ја премачкуваме со хоплата или шлаг пена и украсуваме по желба со рендано чоколадо или мрвици.

Уживајте во овој вкусн десерт кој брзо се прави.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече