Направете вкусна салата со шунка, печурки и сусам. Навистина е посебна и вкусна, а може да ви послужи како совршено предјадење или прилог.
Еве го рецептот кој ќе си го зачувате:
Состојки:
- 3 шолји павлака
- 360 гр маринирани шампињони
- 100 гр сусам (по вкус)
- 200 гр мајонез
- 200 гр Пекабеско шунка
- 200 гр кашкавал
Начин на подготовка:
- Шунката и маринираните печурки се сечкаат на коцки, па се ставаат во длабок сад.
- Се додаваат павлаката и мајонезот, потоа и сусамот и сè добро се соединува.
- На крај, во садот се додава и изренданиот кашкавал.
- Оставете да се стегне во ладилник и ставете сусам одозгора.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт