Брзи и меки крофни – Рецепт за вкусен старт на денот

Брзи и меки крофни – Рецепт за вкусен старт на денот

Направете брзи и вкусни крофни по рецепт кој ќе сакате да го зачувате.

Ова се состојките и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 250 мл млеко
  • 1 прашок за пециво
  • 600 гр брашно
  • 6 лажици јогурт
  • масло за пржење
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Со миксер се матат јајцата со шеќерот, па се додава млекото и сè убаво се соединува со миксерот. Се додава постепено и брашното со прашокот за пециво, па на крајот и јогуртот.
  2. Тестото дополнително ќе го замесите на работна површина, па се става врз малку брашно.
  3. Ќе биде меко, но тоа не треба да ве загрижува бидејќи ако е тврдо, крофните ќе бидат тврди по печењето.
  4. Се развлекува малку тестото, па се формираат крофни кои се пржат во тава со врело масло.
  5. Откако ќе бидат испржени, ставете ги на салфета да го впие маслото, па потоа одозгора наросете им шеќер во прав.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Крофни од банана и јаболка

Експрес крофни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

singlepost_text