Специјална торта за сите вљубени во форма на срце – Рецепт со кој ќе ги изненадите саканите

Специјална торта за сите вљубени во форма на срце – Рецепт со кој ќе ги изненадите саканите

Направете срце-торта. Ова е сè што ви треба, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 8 јајца
  • 11 лажици брашно
  • 10 лажици шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 дл млеко
  • 0,5 дл масло
  • рендана кора од портокал

Состојки за фил:

  • 2 кесички пудинг од јагода
  • 1 дл млеко за матење на пудингот
  • 500 мл млеко за варење на пудингот
  • 1/2 коцка маргарин
  • шлаг за украсување
  • по желба екстракт од јагода

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте млеко и масло, потоа брашното, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и ренданата кора од портокал. На овој начин ќе ја направите смесата за кора.
  2. Кога смесата убаво ќе се измеша и соедини, изматете ги белките во цврст снег и додадете ги.
  3. Ставете ја во калап со облик на срце, па печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Ако немате ваков калап, може и во округол, па лесно ќе ја исечете. Потоа се сече на два дела.
  4. За фил изматете ги пудинзите во децилитар млеко, па сварете 500 милилитри млеко во кое ќе го додадете пудингот. Кога ќе се излади, ставете го и маргаринот, па добро измешајте.
  5. Ставете го врз тортата, па одозгора украсете со шлагот. Може да додадете по избор и екстракт од ванила.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Домашно тоблероне со кока-кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Баклава

Баклава со вишни

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече