Бомбици со лешници – Не може да згрешите со овој рецепт

Бомбици со лешници – Не може да згрешите со овој рецепт

Вкусот е неодолив, десертот брзо и лесно се прави, а речиси и да нема шанси да не ви успее дури и да сте почетник во кујната.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 100 гр лешник наполитанки
  • 150 гр лешници (25 цели за внатре, 50 грама за глазура)
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 200 гр еурокрем
  • 100 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Лешниците се печат кратко на плех за посилен вкус. Се лупат и ситно се сечат, 25 се оставаат на страна за полнење, додека 50 грама од исечените се оставаат на страна за глазура.
  2. Наполитанките се мелат во блендер, се додаваат сечените лешници, еурокремот, па се замесува смесата додека да се соедини.
  3. Се става во фрижидер да отстои 30 минути, па се обликуваат топчиња, а во нив се втиснува по еден лешник.
  4. Чоколадото се топи на пареа со слатката павлака и 50-те грама ситно сечени лешници кои ги оставивме.
  5. Се ставаат топчињата во глазурата и се оставаат да се стегнат.
  6. Може да декорирате по желба.

Уживајте во вкусните топчиња 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта