Потпечено пире – Ручек кој ќе го надмине и вкусот на пржените компири

Потпечено пире – Ручек кој ќе го надмине и вкусот на пржените компири

Направете нов вкус на пире од компир чиј вкус долго ќе ви остане во уста.

Еве ги состојките и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 2 кг компири
  • 250 мл кисела павлака
  • 200 гр сирење
  • 1 лажичка сол
  • малку бибер
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица растопен путер
  • малку црвен пипер

Начин на подготовка:

  1. Се вари излупениот компир во солена вода околу 20 минути, па се цеди. Се меша киселата павлака со сирењето кое претходно ќе го издробиме, солта, биберот, како и иситнетиот лук.
  2. Оваа смеса се додава во садот со компирот и се прави пире.
  3. Се става во сад за печење кој се покрива со фолија, па се става кратко во ладилник за убаво да се олади.
  4. Се загрева рерната на 180 степени, се става путер преку компирот, па малку црвен пипер одозгора за декорација.
  5. Се пече околу 30 минути.

Може одозгора да го послужите со селско месо како на фотографијата.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Компир кој стана популарен

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*