Тече чоколадо, а врз него малини – Домашна торта за сите сетила

Тече чоколадо, а врз него малини – Домашна торта за сите сетила

Неверојатна комбинација на чоколадо и малини. Вкусен десерт кој сите ќе ви бараат често да го подготвувате.

Еве го рецептот:

Состојки за кора:

  • 220 гр чоколадо
  • 170 гр путер
  • 100 гр мелени бадеми
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 5 јајца
  • 2 лажици шеќер

Состојки за фил:

  • 1/2 кг малини
  • 2 лажици шеќер

Состојки за глазура:

  • 140 гр темно чоколадо
  • 1 дл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180 степени, а плехот се обложува со хартија за печење.
  2. Чоколадото се топи со путерот и се лади, а во друг сад се матат белките во снег, па се додаваат една по една и жолчките и сè убаво се меша. Соединете со смесата со чоколадото и поделете ја на два дела.
  3. Се мешаат шеќерот, бадемите, солта и брашното и рамномерно се додаваат во двете смеси.
  4. Смесите се ставаат во одделни калапи и се печат во рерната секоја по 15 минути.
  5. Подгответе го филот. Во сад се ставаат 300 гр малини и се варат со мешање, па се додаваат двете лажици шеќер. Откако убаво ќе соедините, се остава филот да се олади.
  6. Кога ќе бидат оладени и корите, се става едната кора и одозгора се мачка со филот, па се наросуваат малку свежи малини. Одозгора се става другата кора и се остава кратко додека убаво да се спои.
  7. За глазура се топи чоколадото на пареа и се додава слатката павлака.
  8. Се матат состојките за глазура со миксер, па се сипува одозгора и се украсува со малини.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече