Направете колач со скромни состојки, а раскошен вкус – Лесен и брз рецепт

Направете колач со скромни состојки, а раскошен вкус – Лесен и брз рецепт

Направете вкусен и неодолив колач кој го нарекуваат учителски. Има раскошен и незаборавен вкус

Состојки:

  • 250 гр шеќер
  • 200 гр брашно
  • 200 гр маргарин
  • 1 јајце
  • 4 белки
  • 150 гр мелени ореви
  • рендана кора од лимон
  • 150 гр џем

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат маргаринот, 100 грама шеќер и јајцето за да се изматат убаво, па се додаваат кората од лимон и брашното. Изматете со жица. Се става смесата во подмачкан плех и се пече во загреана рерна на 180 степени 15 минути.
  2. Се матат белките со останатиот шеќер, се додаваат и мелените ореви и се добива шлаг.
  3. Испечениот колач се премачкува со џемот, а врз него шлагот.
  4. Се враќа во рерна и се пече уште 15 минути.
  5. Одозгора се става уште еден тенок слој џем и колачот се сече на коцки, па се послужува.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Домашно тоблероне со кока-кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Баклава

Баклава со вишни

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*