Колач за уживање: Скромни состојки, а раскошен вкус!

Колач за уживање: Скромни состојки, а раскошен вкус!

Ќе уживате во секој залак! Вкусот на овој десерт е фантастичен, пробајте го веднаш!

Состојки:

  • 250 гр шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 200 гр брашно
  • 1 јајце
  • 4 белки
  • 150 гр мелени ореви
  • рендана кора од лимон
  • 150 гр џем од шипки

Начин на подготовка:

  1. Во сад за матење ставете маргарин, јајце, 100 гр шеќер и матете со миксер додека шеќерот не се растопи. Потоа во садот додајте ситно изрендана кора од лимон, брашно и мешајте со лажица додека состојките не се соединат. 
  2. Намастете сад со маргарин, ставете ја смесата и печете 15 минути на 180 степени. 
  3. Разматете 4 белки, додајте ги останатите 150 гр шеќер и повторно матете додека шеќерот не се растопи. Додајте мелени ореви и измешајте. 
  4. Испечениот колач премачкајте го со џем, а преку џемот нанесете разматени белки со ореви. 
  5. Вратете во рерна и печете уште 15 минути на иста температура. Од горе премачкајте со уште еден тенок слој џем, па посипете со рендано чоколадо.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text