Најбрзиот десерт од неколку состојки – Чоколадно суфле готово за 25 минути

Најбрзиот десерт од неколку состојки – Чоколадно суфле готово за 25 минути

Доколку го сакате вкусот на меко чоколадно суфле, ова е рецепт за вас. Брзо и лесно се прави, а уште побрзо се јаде 🙂

Состојки:

  • 2 лажички путер
  • 240 гр чоколадо за готвење
  • 5 јајца
  • 200 г шеќер
  • 1/2 лажичкa сол
  • 4 лажички брашно

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени, а во меѓувреме иситнете го чоколадото и растопете го на оган со путерот. Тргнете го од оган.
  2. Во посебен сад, ставете ги изматените јајца, па шеќерот, солта и брашното. Убаво измешајте и соединете.
  3. Ставете ја смесата во огноотпорен сад, кој претходно ќе го премачкате со малку маргарин или масло.
  4. Печете околу 15 минути.
  5. Украсете по избор: со шлаг, чоколадо, сладолед или овошје.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text