Златиборски леб: Традиционален планински специјалитет

Златиборски леб: Традиционален планински специјалитет

Автентичен рецепт за вкусна погача…

Состојки:

  • 400 гр пченично бело брашно
  • 200 гр овесно брашно
  • 50 гр овесни снегулки
  • 3 дл млака вода
  • 1 лажичка босилек
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1 кесичка сув квасец

Начин на подготовка:

  1. Разматете квасец и шеќер во вода и почекајте квасецот да надојде. Во сад за мешање ставете ги сите останати состојки и добро измешајте ги.
  2. Замесете тесто да биде глатко и да не се лепи за садот. По потреба додајте вода или брашно за да ја добиете саканата текстура.
  3. Оставете на топло место прекриено да нарасне 1 час. Премесете и обликувајте во саканата форма, ставете во плех за печење и оставете да нарасне уште 30 минути.
  4. Печете на 200 степени 30-40 минути, односно додека не добие златно жолта боја. После печењето прекријте со влажна крпа и оставете да се излади.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text