Кралица на посната трпеза: Пастрмка во бело вино

Кралица на посната трпеза: Пастрмка во бело вино

Направете посен деликатес, кој освен што е многу вкусен, исто така е и многу здрав и полн со омега 3 масни киселини.

Еве како да приготвите пастрмка за вашиот ручек

Состојки:

  • 3 поголеми пастрмки
  • 100 гр маргарин или малку масло
  • 2-3 чешни лук
  • малку магдонос
  • 1 чаша бело вино
  • сол
  • лимон

Начин на подготовка:

  1. Рибата се чисти, се става сол и се полни со маргарин и ситно сечкан лук и магдонос.
  2. Се става во подмачкан плех, се прелева со виното и се остава неколку часа да отстои во фрижидер. Може да оставите да отстои вака и преку целата ноќ.
  3. Пред печење може да ја прелиете и со сок од лимон.
  4. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
  5. Сервирајте со зеленчук или компир салата.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Риба деликатес

Риба во сос од сенф

ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба

Малку време за деликатес: Риба полнета со компир

Поздрава е од што се мислеше – зошто да јадете риба често?

Вкусен риба деликатес од рерна

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*