Брзи корнфлекс корпи – Највкусен рецепт за сечиј вкус

Брзи корнфлекс корпи – Највкусен рецепт за сечиј вкус

Направете ги највкусните корнфлекс корпи од само неколку состојки за многу кратко време.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 125 гр маргарин или путер
  • 80 гр мед
  • 50 гр шеќер во прав
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр чоколадо
  • 125 гр корнфлекс

Начин на подготовка:

  1. На оган се топи маргаринот, се додава медот и се меша да се соедини.
  2. Се додава и шеќерот во прав, постојано се меша, а потоа се ставаат и мелените ореви, како и коцките чоколадо.
  3. Мешаме додека сè да се стопи и убаво да се соедини.
  4. На крајот се додава и корнфлексот во изедначената смеса, па дополнително се меша за да се впие во смесата.
  5. Со лажица вадиме од смесата и ставаме во корпи за колачи. Оставете ги во ладилник додека да се стегнат.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече