Бомбици со компир и кашкавал – Ручек кој брзо ќе го приготвите со незаменлив вкус

Бомбици со компир и кашкавал – Ручек кој брзо ќе го приготвите со незаменлив вкус

Направете вкусен ручек со компир и кашкавал. Овие бомбици се топат во уста, заситуваат, а имаат богат вкус.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 300 гр компир варен
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 2 лажици врело млеко
  • 150 гр пармезан
  • 2 јајца за поховање
  • презла
  • магдонос
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Сварениот компир кој е претходно излупен се пасира уште додека е топол, а потоа во смесата се додаваат и јајцата, брашното, млекото и пармезанот.
  2. Се соединува убаво, па со рака се формираат топчиња, односно бомбици.
  3. Секое топче од сите страни убаво поминете го во сад со јајце, сад со презла, а по вкус и во сад со ситно сечкан магдонос.
  4. Се пржат во сад со загреано масло додека да поруменат.
  5. Ставете ги на салфета да ја впијат маснотијата, па послужете.

Пријатно јадење!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Компир кој стана популарен

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*