Тоблероне од бело чоколадо – Рецепт од три состојки кој брзо се прави

Тоблероне од бело чоколадо – Рецепт од три состојки кој брзо се прави

Вкусниот тоблероне десерт по домашен рецепт со поинаков вкус. Направете уживање од бело чоколадо и суво овошје.

Ова се состојките и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 400 гр бело чоколадо
  • 4 лажици мед
  • 200 гр суво овошје (суви кајсии, брусница, суво грозје)

Начин на подготовка:

  1. Во сад на оган се топи чоколадото со медот, а кога ќе се соедини убаво и смесата ќе стане хомогена, се додава исеченото суво овошје.
  2. Сами изберете кое суво овошје ќе го ставите, но важно е да биде 200 грама.
  3. Сè измешајте, сипете во калап и оставете да се стегне во фрижидер.
  4. По желба можете да го исечете на триаголници.
  5. Ако ставите посно бело чоколадо, може да го направите и како посен десерт.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Домашно тоблероне со кока-кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Баклава

Баклава со вишни

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*