Полнета кајгана со богат фил- Утрото не може да започне подобро

Полнета кајгана со богат фил- Утрото не може да започне подобро

Направете нешто вкусно и деликатесно за појадок. Вкусна полнета кајгана.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 4 јајца
  • 3 лажици пармезан
  • 100 гр Пекабеско шунка
  • 150 гр кашкавал
  • сол
  • малку маслиново масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Се матат со миксер или жица јајцата, па се додава сол, а потоа се дели смесата во две чинии.
  2. Се става маслиново масло на тава да се загрее, се става смесата од едната чинија да се пржи, а кога ќе биде готов долниот дел се превртува и се запекува од другата страна.
  3. Се става на страна, па се повторува постапката со јајцата од втората чинија.
  4. Кај втората смеса кога долниот дел ќе се запече, се става пармезан, сечканите шунка и кашкавал, и се поклопува со првиот испечен омлет.
  5. Се врти и се пече уште малку од другата страна. На крај можете да го превиткате на пола и така да го послужите

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?

ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца

Мафини со јајца на око

Печени јајца со сос

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

singlepost_text