Деликатесни ќофтиња со маслинки – Тава која крчка и мами со мирисот

Деликатесни ќофтиња со маслинки – Тава која крчка и мами со мирисот

Направете вкусен ручек – месо со неодолива арома од маслинки. Совршена комбинација лесна за правење.

Ова се состојките и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 600 гр мелено месо
  • 200 гр колбаси
  • 1 јајце
  • 2 лажици масло
  • магдонос
  • 3 лажици презла
  • 5 дл доматно пире
  • 100 гр зелени маслинки
  • 3 дл вода
  • 2 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад соединете ги меленото месо и 100 гр ситно исечкани колбаси, јајце и магдонос, презла и зачини по вкус.
  2. Добро измешајте да се добие хомогена смеса.
  3. Со намастени раце формирајте ќофтиња и пржете ги во врело масло во тава.
  4. Во посебна тава пропржете ги маслото и брашното, ставете го доматното пире, па 3 водата и зачините.
  5. Додајте ги ќофтињата и маслинките во оваа смеса и динстајте.
  6. Ставете ги и останатите 100 гр ситно сечени колбаси.
  7. Потоа, послужете во чинии, а врз секое ќофте со лажица дополнително прелијте од сосот кој останува во тавата..

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Поховани ќофтиња кои ќе ви станат омилени

Највкусни домашни плескавици

Плескавици од компир и пилешко

Гурмански плескавици

Посни плескавици

Плескавици од туна и тиквици

Плескавици од зеленчук

Плескавици кои ќе ве воодушеват

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*