Ергенска кујна: Гриловано пилешко со салата

Ергенска кујна: Гриловано пилешко со салата

Динамиката на денешното време е навистина брза. Работни обврски, спорт, вежбање, излегување, љубовен и друштвен живот.

Доколку сакате да зготвите нешто брзо и едноставно, а во исто време одлично за сите кои вежбаат, прочитајте го овој лесен и вкусен рецепт од ЕРГЕНСКАТА КУЈНА:

Состојки за 1 порција:

  • 250 гр стек
  • тиквичка
  • брокула
  • обична и црвена зелка
  • рукола
  • 1 лажица путер
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо купете го веќе обработено со дебелина како за на скара. Доколку не е претходно обработено, пресечете го со дебелина на шницли.
  2. Стековите намастете ги со раце – ставете малку зејтин на рацете и поминете ги убаво стековите.
  3. Користете грил тава. Ставете ја на оган и наредете ги стековите да се печат. Убаво испечете ги од двете страни по вкус.
  4. Излупете ја тиквичката и исечкајте на коцки. Неколку листови зелка исечкајте како за салата. Не мора да биде ситно сечкана, може и да ја изрендате. Ставете и неколку цветови брокула.
  5. Во вог тава ставете го путерот да се растопи. Додајте го зеленчукот во тавата и динстајте го околу 10 минути. Повремено промешувајте.
  6. Додајте и зачини: сол, црвен пипер и лук во прав.
  7. После 10 минути тргнете ја тавата со зеленчук. Дојдате неколку листови рукола и промешајте.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*