Едноставен рецепт со кој е невозможно да згрешите:  Какао бомбици со бисквити

Едноставен рецепт со кој е невозможно да згрешите:  Какао бомбици со бисквити

Направете вкусни и брзи какао бомбици со кои е речиси невозможно да погрешите.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 лажици какао
  • 300 гр мелени бисквити
  • 1 шолја густ или цеден сок од портокал
  • 1 јајце
  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад се мешаат бисквитите со какаото. Постепено се додава сокот од портокал. Се мати и се додава јајцето.
  2. На оган се топи маргаринот со шеќерот во прав, па се сипува во смесата со какао.
  3. Се меша сè и се лади смесата.
  4. Се формираат топчиња и се декорираат по желба. Може да ги поминете од сите страни во чинија со мрвици, кокос, ореви, бисквити.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*