Ручек за половина час: Вкусно пилешко со пченка

Ручек за половина час: Вкусно пилешко со пченка

Зимските попладна се идеални за дружење со семјетвото, па затоа е добро што помалку време да поминувате во кујна.

Еве еден рецепт за ручек кој брзо и лесно се подготвува, а уживањето е гарантирано.

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 400 гр пченка
  • 6 домати
  • масло
  • 1 лажичка сув зачин
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Белото месо исечете го на ситни парчиња, посолете и побиберете, па спуштајте во загреано масло кратко да се пржат. Готовото месо извадете го од маснотијата и оставете го на топло.
  2. Во маслото во кое се пржело пилешкото ставете излупени и ситно сечкани домати. Крчкајте ги доматите додека не пуштат сок, додајте пченка, ставете зачин и продолжете да крчкате додека пченката не биде зготвена.
  3. Во готовиот сос вратете го прженото пилешко месо, добро измешајте и уште малку гответе додека месото не ги впие соковите.
  4. Послужете топло и добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*