Појадок за 20 минути: Наполнете калапи со пица фил, аромата неодолива (Видео рецепт)

Појадок за 20 минути: Наполнете калапи со пица фил, аромата неодолива (Видео рецепт)

Направете вкусни мафини со пица фил. Одлични за мезе, како појадок или вечера.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 200 мл кисела вода
  • 100 мл масло
  • 220 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 50 гр шунка
  • 50 гр испржена сланина
  • 50 гр шунка
  • 50 гр печурки шампињони
  • малку оригано

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со сол и се става постепено киселата вода и маслото, па убаво се соединува смесата. Се додава и брашното заедно со прашокот за пециво.
  2. Потоа се ставаат во смесата и ситно сечканите шунка, печурки и испржена сланина, како и изренданиот кашкавал и ориганото.
  3. Се става смесата во калапите за мафини и се печат во загреана рерна на 200 степени 20-30 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми