Смути од 3 состојки кое може да го подобри расположението

Смути од 3 состојки кое може да го подобри расположението

Пробајте го овој освежувачки сок и веднаш ќе почувствувате налет на енергија.

Забележавме дека во последно време комбинацијата од портокал и ѓумбир е навистина популарна.

Покрај ѓумбирот и портокалот, за подигнување на расположението заслужен е и морковот, кој на сокот му дава интензивна портокалова боја и ги спојува вкусовите.

Состојките се доволни за една голема чаша сок, кој ќе ви ја запре жедта, ќе ве засити и ќе ви ја намали потребата за грицки.

Состојки:

  • парче ѓумбир со големина од еден сантиметар
  • 450 гр моркови
  • 2 портокали

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги, излупете ги и исечкајте ги ѓумбирот и морковите. Во соковник прво исцедете ѓумбир, а потоа портокали и моркови. Сервирајте со неколку коцки мраз и уживајте!

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*