Едноставен и брз колач: Мак коцки со јогурт и чоколадо

Едноставен и брз колач: Мак коцки со јогурт и чоколадо

Рецепт за едноставен и брз колач од мак прелиен со меко чоколадо. Секој залак е поубав и поубав…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 мл млеко
  • 100 мл јогурт
  • 150 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 200 гр брашно
  • 150 гр мелен мак
  • 1 кесичка прашок за печиво

Состојки за прелив:

  • 100 гр чоколадо
  • 4 лажици шеќер
  • 3-4 лажици млеко
  • 50 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрева, обложете помала тепсија со хартија за печење (20х30). 
  2. Матете јајца и шеќер околу 2-3 минути или додека не стане пенасто без балончиња. Додајте ги останатите течни состојки, јогурт, млеко, масло, измешајте. Измешајте мак, брашно и прашок за печиво па веднаш излејте во плех. 
  3. Печете околу 25 минути додека фино не порумени. Оставете кората да се излади. 
  4. На пареа згответе прелив додека не се растворат сите состојки. 
  5. Преку млакиот колач прелијте млак прелив и оставете да се излади и стегне. Исечете коцки и уживајте во преубавиот вкус.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*