Врела глазура на ладен колач: Незаборавни коцки со ореви (Видео рецепт)

Врела глазура на ладен колач: Незаборавни коцки со ореви (Видео рецепт)

Ако ви се јаде нешто посебно вкусно, полно со ореви и со неодолива арома, време е да влезете во кујната и да се фатите за работа.

Супер видео рецепт за колачиња со ореви:

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр мелени ореви
  • 200 гр суво грозје

Состојки за шербет:

  • 80 гр шеќер
  • 30 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат мелените ореви и сувото грозје, а потоа ја ставаме изматената смеса во плех со хартија за печење.
  2. Се пече смесата во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути. Потоа, колачот се остава да се излади.
  3. Во друг сад се соединува шеќерот со вода, се става да врие на оган и со постојано мешање се соединуваат. На овој начин добиваме шербет.
  4. Се прелива оладениот колач со топлиот шербет.
  5. Се остава да впие, па се сече и послужува.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*