Брз ручек како од ресторан – Рецепт за цело семејство

Брз ручек како од ресторан – Рецепт за цело семејство

Направете вкусен деликатес од кој на сите ќе им застане здивот.

Ручек кој за брзо време ќе биде, но и за брзо време ќе го снема од масата. Еве што ви е потребно и како да го направите овој деликатес со компири и сланина:

Состојки:

  • 10 компири
  • 15-16 парчиња Пекабеско сланина

Состојки за сос:

  • 25 гр путер
  • 1 лажица брашно
  • 100 гр павлака
  • сол
  • бибер
  • цеден сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Компирот се вари во солена вода, се лупи  па се лади, а потоа секој компир се замотува во сланина.
  2. Се пече во загреана рерна на 200 степени 10 минути.
  3. Се спрема сосот така што се загрева путерот, се додава брашното, па се трга од оган.
  4. Потоа се става павлаката, како и зачините и сокот од лимон.
  5. Сосот се прелева врз компирите и се пече дополнителни 15 минути.

Пријатен ручек!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Повеќе од компир деликатес

Тиквички со посебен шмек

Сос со тиквички

Гибаница со тиквички

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Деликатесни запечени тиквички