Млечни кифлички кои се печат 8 минути

Млечни кифлички кои се печат 8 минути

Направете вкусни и брзи кифлички кои се печат само осум минути.

Супер вкусни, а ова е рецептот по кој ќе ги направите.

Состојки:

  • 750 гр брашно
  • 150 гр путер
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 2 лажички сол
  • 450 мл млеко
  • 50 гр квасец
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Се загрева малку млекото, се тргна од оган и се меша со шеќерот во прав и путерот. Се става и квасецот во смесата, па се додава сол и брашно и се замесува тесто.
  2. Од тестото се обликуваат 20 ленти и секоја се витка во форма на кифла. Се редат во плех на хартија за печење.
  3. Се прекриваат со крпа и се оставаат еден час на собна температура, а рерната се загрева на 250 степени.
  4. Се премачкува секоја кифла со изматеното јајце, па одозгора наросете сусам.
  5. Се печат осум минути на 220 степени.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*