Ако водите сметка за здрава исхрана, задолжително во своето мени ставете салата од брокули!
Состојки:
- 300 гр брокули
- масло
- оцет
- сол
- зачин
- 3 чешниња лук
- 2 варени моркови
Начин на подготовка:
- Исчистете ги брокулите, исечкајте ги зелените делови на стапчиња, па згответе ги во вода зачинета со сув зачин. Гответе 10 минути, а потоа додајте ги и цветовите брокула и гответе уште пет минути.
- Процедете и ставете во прикладен сад за послужување. Додајте варени моркови исечкани на кругови и залијте со дресинг од масло, оцет и лук. Посолете и измешајте.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути