Нешто различно и вкусно: Неодолива ручек идеја за денешното мени

Нешто различно и вкусно: Неодолива ручек идеја за денешното мени

Направете нешто ново и посебно за ручек. Ова е оброк за четири лица, а сите ќе бидат воодушевени.

Еве како да го приготвите:

Состојки:

  • 2 големи модри патлиџани
  • 300 гр мелено месо
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • 1 компир
  • масло
  • 50 мл доматно пире
  • сол
  • бибер
  • вегета
  • црвен пипер
  • прстофат шеќер

Состојки за прелив:

  • 1 јајце
  • 100 мл млеко
  • 2 парчиња моцарела
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. На врело масло се пржи кромидот исечкан на коцки, па исчитените морков и компир исто така исечкани на коцки се додаваат да се испржат.
  2. Се мијат модрите патлиџани и се сечат на половинки, па се длабат на средината за потоа да ги полните. Средината од нив исто така ситно се сече, па се додава во тавата со пржените кромид, морков и компир, а потоа таму се става и месото. Држете на оган и мешајте додека се убаво да се испржи.
  3. Пред крајот, се ставаат и зачините (црвен пипер, сол, бибер, вегета или други зачини по вкус), па се пржи месото уште малку. Додајте го доматното пире заедно со прстофат шеќер за да не биде кисело. Убаво промешајте, па тргнете од оган.
  4. Се полнат модрите патлиџани со смесата, па се прави преливот. Се мати јајцето со млеко и сол, се сече моцарелата, па се прелива секое парче полнет модар патлиџан. Најодозгора се става и моцарела која може да ја исечкате на парчиња или да ја изрендате.
  5. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Совет: Наместо доматно пире, пред да ја ставите моцарелата, може да исечкате свеж домат на кругови и да ги ставите врз секое парче модар патлиџан како на фотографијата.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Салата со модар патлиџан

Полнет модар патлиџан во тава

Полнет модар патлиџан во фурна

Пита од модри патлиџани

Полнети пиперки со модар патлиџан