Векна од месо: Наједноставен ручек готов за миг!

Векна од месо: Наједноставен ручек готов за миг!

Традиционално јадење кое не бара некои некои посебни вештини во кујната, па е добар избор за ручек и за оние кои не се снаоѓаат добро со намирниците.

Состојки:

  • 2 главици кромид, исечкан
  • 900 гр мелено месо
  • 115 мл кечап
  • 2-3 чешниња лук
  • 3 лажици сенф
  • 2 разматени јајца
  • 2-3 лажици презла
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во чинија добро измешајте ги сите состојки, најдобро со раце за добро да се соединат. 
  2. Сол и бибер ставете колку што мислите дека ќе ви одговара. 
  3. Од оваа смеса можете да направите една векна или две мали векни, како што сакате. Смесата ставете ја во калап за печење и печете околу еден час.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*