Се прелева сирење, кашкавал и бешамел – Деликатесен ручек за 30 минути

Се прелева сирење, кашкавал и бешамел – Деликатесен ручек за 30 минути

Направете вкусна ручек идеја по рецепт кој ќе рашири неверојатна арома во домот. Сите едвај ќе дочекаат да го вкусат овој специјалитет.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 600 гр фета сирење
  • 200 гр кашкавал
  • 200 гр Пекабеско печеница
  • 200 гр шампињони
  • малку кечап или доматен сос
  • малку оригано

Состојки за бешамел:

  • 60 гр маргарин или путер
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 л млеко

Начин на подготовка:

  1. Се топи маргаринот, се додава брашното, се пропржува, па се додава и ладното млеко. Мешајте додека бешамел сосот да ја добие потребната густина.
  2. Фета сирењето се сече на коцки, половина се става во керамички сад, па се става половина од бешамел сосот, а над бешамелот ставете ги сечканите шампињони и печеница, па кечапот, ориганото и малку кашкавалот.
  3. Ставете го и преостанатото фета сирење, па втората половина од бешамел и преостанатиот кашкавал.
  4. Ставете го јадењето во рерна и печете околу 30 минути во загреана рерна на 250 степени.
  5. Сервирајте го додека е топло.

Може да го послужите и со брзи домашни фурнарини.

Пријатно јадење!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Тиквички со посебен шмек

Сос со тиквички

Гибаница со тиквички

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Деликатесни запечени тиквички

Поховани тиквички на пет начини

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*