Шпански ќофтиња во сос од домати

Шпански ќофтиња во сос од домати

Традиционалните шпански ќофтиња „албондигас“ се послужуваат во мали садови со чаша вино и кришка леб, но одлични се и во комбинација со тестенини, ориз или палента.

Состојки:

  • 4 парчиња леб
  • 6 лажици млеко
  • 2 лажици пармезан
  • 500 гр мелено јунешко месо
  • 1 чешне лук
  • магдонос
  • 1 јајце
  • 1 лажица црвена пипер

Состојки за сос:

  • 1 главица кромид
  • 400 гр пелати домати
  • малку црвена пипер
  • 200 мл црно вино
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Парчињата леб одвојте ги од кората па исечкајте ги на парчиња и ставете ги во голем сад. Прелијте ги со млеко. 
  2. Измешајте месо, леб, пармезан, лук, сечкан магдонос, јајце и пипер. Посолете и побиберете па направете топчиња. 
  3. Загрејте маслиново масло и пропржете ги ќофтињата. Извадете ги и додајте уште малку масло во тавата. 
  4. Пропржете лук и кромид, потоа додајте вино и гответе додека не се редуцира. Ставете пелати, сол, бибер и пипер. 
  5. Гответе 10 минути па вратете ги ќофтињата и продолжете уште 20 минути додека сосот не згусне, а месото не се зготви.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте