Направете нешто ново, вкусно и брзо со компири. Навистина одличен деликатес и ќе ви стане едно од омилените јадења.
Ви требаат само компири, загрејана рерна на 250 степени, и да ја поставите решетката во шпоретот на средна висина.
Врелата рерна на компирот ќе му даде златна боја, ќе го направи крцкав од надвор, а мек одвнатре.
Состојки:
- 1 кг компир
- 4 лажици путер
- 1 шолја пилешка супа
- лук во прав
- зачини
Начин на подготовка:
- Компирите се сечат на поголеми парчиња, се ставаат 4 лажици путер, сол и бибер, па се ставаат во тава или на плех. Компирите треба претходно да бидат лупени.
- Се печат 15 минути на едната страна, па се превртуваат уште 15 на другата.
- Извадете го компирот и прелијте со шолја пилешка супа и наросете одозгора малку лук во прав.
- Вратете уште 15 минути во рерна додека да порумени.
- Деликатесот е готов и спремен за на маса.
Може да го послужите со месо.
Пријатно јадење!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: