Рецепт за меки кифли – Еднакво вкусни и следниот ден

Рецепт за меки кифли – Еднакво вкусни и следниот ден

Вкусни кифлички, кои се исто толку меки и добри на вкус дури и утредента.

Ова е рецептот за нив:

Состојки:

  • 600 мл млеко
  • 1 квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 3 лажички сол
  • 2 дл масло
  • 1 кг брашно

Состојки за фил:

  • 200 гр маргарин
  • 2 жолчки
  • 1 лажичка сол
  • 2 белки и сусам за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во млекото се ставаат квасецот и шеќерот и се остава кратко да стаса, па се додаваат потоа солта и маслото. Во сад за месење се става брашното, се додава смесата со квасецот, па се меси тесто и се остава да нарасне убаво помеѓу 30 и 45 минути.
  2. За фил, со миксер се мати маргаринот со жолчките, па се додава и малку сол.
  3. Тестото се дели на три дела или три топки.
  4. Секоја посебно се развлекува со сукало, одозгора се премачкува со фил, па се формираат кифлички.
  5. Се редат на плех со хартија за печење.
  6. Се премачкуваат со разматените белки, па одозгора се става сусам.
  7. Се оставаат да отстојат 10 минути, па се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво да поруменат.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Тесто кое лесно се прави

Не се чека тестото да нарасне – Брзи погачи

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*