Чајот и кафето од цикорија се замена за вообичаеното кафе кое секојдневно го пиеме, со таа разлика што ова кафе е во секоја смисла корисно и здраво за нашиот организам.
Цикоријата има карактеристични виолетово сини листови и има многу лековити својства.
Таа е универзален природен лек за многу тегоби и проблеми. Ги исфрла отровите од телото, го намалува холестеролот, помага и за превенирање срцев удар.
Придонесува да се запре крварење на телото, а помага и за лекување на грип и настинка, поради што се препорачува да се консумира за време на есента и зимата.
За да направите кафе од цикорија треба да го исечете коренот, да го исушите во рерна, а важно е да биде рерната отворена за да добиеме сув, а не печен корен.
Кога ќе се исуши целосно коренот ќе се изрони во прав, па се вари во вода, се процедува и добивате кафе кое е полно здравје.
Се пие топло и пред оброк. Ако сакате поголем ефект и подобар вкус може да додадете и лажица какао.
Избегнувајте да го консумирате со шеќер.
Цикоријата се користи и за салата која помага за слабеење, така што само ќе ја додадете во вашата омилена здрава салата.
Можете да ја купите и во билните аптеки низ земјава!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Природен лек за голем гинеколошки проблем
Природен лек за бактерии во желудникот