Шницли со гауда и сос – Ручек за 30 минути

Шницли со гауда и сос – Ручек за 30 минути

Вкусен и сочен оброк со месо и сос за целото семејство. Навистина деликатесна комбинација која сите ќе ја бараат.

Еве како да го приготвите овој ручек:

Состојки:

  • 6 шницли
  • 6 парчиња гауда
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица вегета
  • 1 лажица кечап
  • 2 дл вода
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 3-4 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Шницлите се удираат со дрвен чекан (или побарајте во месара да ви ги спремат како шницли), па се редат во тава со масло.
  2. Секоја шницла одозгора се прекрива со парче гауда
  3. Ситни се сечка кромидот во сад, му се додава вегета, кечап и вода, биберот и сè заедно убаво се соединува.
  4. Оваа смеса рамномерно се распоредува врз шницлите во тавата.
  5. Во меѓувреме се загрева рерната на 200 степени, па се става тавата да се пече околу 30 минути. Пред крајот на печењето ќе ја намалите температурата на 180 степени.
  6. Внимавајте шницлите да не се исушат. Ако водата целосно испари во текот на печењето, додадете уште една шолја во тавата.
  7. Кога ќе бидат готови, шницлите се ставаат во чинија, а врз нив со лажица се става од сосот од тавата.
  8. Може дополнително да декорирате по желба.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*