Ледена пудинг торта: Неодолив кремаст десерт

Ледена пудинг торта: Неодолив кремаст десерт

За сите љубители на кремасти десерти…

Состојки за тесто:

  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 4 јајца

Состојки за фил:

  • 1 пудинг од чоколадо
  • 1 пудинг од ванила
  • 200 гр путер
  • 2 лажици шеќер
  • 100 гр шеќер
  • 600 мл млеко
  • 1 кесичка шлаг

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете јајца и 4 лажици шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи, додајте 4 лажици брашно. Тестото префрлете го во намастен калап и печете го 15 минути на 200 степени. 
  2. Сварете 250 мл млеко и лажица шеќер. Додајте прашок за пудинг од ванила измешан со млеко и гответе додека пудингот не ја добие потребната густина. Истото повторете го со чоколадниот пудинг. Оставете ги двата пудинга да се изладат. 
  3. Во сад за матење со миксер разматете путер и 100 гр шеќер. Половина од разматениот путер додајте го во изладениот пудинг од ванила, а остатокот во пудингот од чоколадо. Матете со миксер додека состојките не се соединат. 
  4. Испечената кора исечете ја на два еднакви дела, така што ќе добиете две кори. На правата кора ставете браун фил, ставете друга кора и премачкајте со жолт фил. 
  5. Разматете шлаг со млеко и украсете ја тортата. Пред послужување добро изладете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text