Лепињи со кајмак за вкусен старт на денот – Се топат во уста

Лепињи со кајмак за вкусен старт на денот – Се топат во уста

Направете вкусен појадок со неодолива арома со кој сите ќе станат со насмевка и ќе бараат парче плус.

Состојки за тесто:

  • 1 кг брашно
  • 2 јајца
  • 1 коцка квасец
  • 500 мл топла вода
  • 6 лажици растопен путер
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол

Состојки за прелив:

  • 400 гр кисело млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажици растопен путер
  • 400 гр кајмак

Начин на подготовка:

  1. Се става квасецот во млака вода со шеќерот, а во вангла се става брашното со сите останати состојки за тесто. На крајот се додава и стасаниот квасец.
  2. Се замесува тесто, па се остава половина час да нарасне покриено со крпа.
  3. Потоа се замесува на работна маса на која ќе ставите малку брашно, па се формираат лепињи. Ставете ги во плех со хартија за печење.
  4. Изматете ги јајцата со вилушка, па додајте го киселото млеко и путерот во истиот сад.
  5. Со оваа смеса премачкајте ги лепињите, но не до ивиците на лепињите.
  6. Отприлика одат по три лажици на секоја лепиња. Потоа најгоре се става кајмак врз секоја лепиња.
  7. Потребно е да отстојат 15 минути.
  8. Печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*