Тестото лесно се прави – Рецепт за кекси со вкус на портокал и цимет

Тестото лесно се прави – Рецепт за кекси со вкус на портокал и цимет

Вкусни и слатки кекси кои едвај ќе дочекате да ги пробате.

Еве ги состојките и начинот на подготовката:

Состојки за тесто:

  • 200 гр брашно
  • 100 гр гриз
  • 50 гр густин
  • 160 гр маргарин
  • 60 гр шеќер во прав
  • 3 лажици масло
  • малку сол
  • кора од портокал

Состојки за фил:

  • 100 гр мелени ореви
  • 25 гр маргарин
  • 50 гр шеќер
  • малку цимет
  • шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од состојките за тесто кое се остава да отстои околу половина час во фрижидер.
  2. Се соединуваат во меѓувреме состојките за филот, па се земаат мали топчиња од тестото, се сплескуваат малку со рацете и врз нив се става малку фил.
  3. Направете повторно топче и се стискаат за да добие секое од нив форма на кекси.
  4. Се печат во подмачкан плех во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  5. На крајот убаво поминете ги од сите страни во чинија со шеќер во прав.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*