Необичен десерт: Слатки макарони со презла

Необичен десерт: Слатки макарони со презла

Слатки макарони пропржени на шеќер и презла – необичен, а вкусен десерт!

Состојки:

  • 250 гр макарони
  • 6 лажици шеќер (повеќе или помалку, по вкус)
  • 100 гр презла

Начин на подготовка:

  1. Макароните сварете ги и оставете ги да отстојат поклопени во вода додека го подготвувате слаткиот „фил“. 
  2. На слаб оган пропржете презла, така што ќе добие убава златна боја, а потоа додајте и шеќер. Измешајте, одвојте две лажици смеса на страна. Исцедете ги макароните, па додајте ги во презлата и шеќерот. 
  3. Пржете уште минута-две, па тргнете од оган. По желба, додајте и малку цимет, ореви… Ставете во чинии за послужување, а од горе посипете со смесата од презла и шеќер која сте ја одвоиле.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта