Ќе го извадите од рерна и веднаш ќе се изеде – Компир деликатес од 3 состојки

Ќе го извадите од рерна и веднаш ќе се изеде – Компир деликатес од 3 состојки

Направете компир деликатес кој го носи името „Компир-вулкан“.

Ова е сè што ви е потребно:

Состојки:

  • 9 компири средна големина
  • 9 парчиња Пекабеско сланина
  • 9 парчиња кашкавал
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени, а компирите измијте ги убаво.
  2. Нека се варат десетина минути во солена вода. Потоа излупете ги.
  3. Исечете ги на врвот, па издлабете ги на средина. Секој компир замотајте го со сланина и прицврстете ги краевите со чепкалка.
  4. Премачкајте ги со маслиново масло.
  5. Печете во рерната околу 30 минути додека компирот да стане крцкав. Извадете го од рерна и тргнете ги полека чепкалките, па ставете кашкавал во средината и запечете уште 5 минути додека да се растопи.
  6. Одозгора по желба може да ставите и павлака, мајонез, тартар или магдонос.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Компир кој стана популарен

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*