Домашни сирењаци – Мирисот ќе ги намами сите да станат од кревет

Домашни сирењаци – Мирисот ќе ги намами сите да станат од кревет

Направете вкусен, топол и појадок мек како душа за цело семејство.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажички шеќер
  • 4 лажички сол
  • 4 лажици масло
  • 1 квасец/2 кесички сув квасец
  • 1 кг брашно
  • 120 гр маргарин за горе
  • сирење
  • 1/2 шолја масло за одозгора

Начин на подготовка:

  1. Се замесува тесто од млекото, јајцата, солта и шеќерот, квасецот, брашното и четирите лажици масло.
  2. Тестото се остава да нарасне околу 10 минути, па потоа се дели на 25 топчиња, секоја се обликува во рака како полжавче, и се става на намастен плех.
  3. Се става во средината малку сирење.
  4. Се покрива плехот со крпа, па се остава така да отстои околу еден час.
  5. Маргаринот се растопува со 1/2 шолја масло и сирењаците се преливаат со него. Одозгора може да ставите и сусам. Потоа се пече околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мекици меки како душа за 15 минути

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја