Закрепнувачка пилешка супа – идеална за студените денови

Закрепнувачка пилешка супа – идеална за студените денови

Сакате да го закрепнете телото во овие студени денови? Тогаш нема ништо подобро од домашна пилешка чорба!

Состојки:

  • 500 гр пилешко
  • 2 лажици масло
  • 1 црвен кромид
  • 1 морков
  • 1 корен магдонос
  • 1 корен целер
  • 1 лажица густин
  • 1 црвена пиперка
  • малку виснки оцет
  • 1 лажица концентрат од домати
  • сол
  • бибер
  • зачин од зеленчук
  • ловоров лист
  • кора од лимон

Начин на подготовка:

  1. На врело масло ставете исечакно пилешко и испечете го од сите страни.
  2. Додајте сечкан кромид, пиперка, морков, магдонос и целер исечкан на кругови и сè кратко издинстајте.
  3. Потоа, посолете, додајте густин разматен во малку вода и концентрат од домати, добро измешајте и залијте со 800-1000 мл вода.
  4. Додајте зачин, бибер, ловоров лист и кора од лимон.
  5. Гответе додека месото не омекне. На крај закиселете по желба и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*