Ручек за 30 минути – Вкусно пилешко во лиснато тесто

Ручек за 30 минути – Вкусно пилешко во лиснато тесто

Пригответе вкусно јадење за цело семејство. Еве кои состојки ви се потребни, како и начинот на кој ќе го подготвите ова јадење:

Состојки:

  • 800 гр пилешко месо
  • 500 гр лиснато тесто
  • 2 дл кисела павлака
  • 200 гр Пекабеско шунка
  • 400 гр кашкавал
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото тенко се филетира, се става сол и бибер и се пропржува неколку минути во тавче со масло од двете страни.
  2. Лиснатото тесто се става во тепсија, по должина се става шунката, па пилешкото месо и одозгора се ренда кашкавал.
  3. Направете ролат и затворете ги краевите.
  4. Ставете го лиснатото со пилешко на тепсија, па премачкајте со кисела павлака и печете во загреана рерна на 200 степени 25 минути.
  5. Исечете на делови и послужете.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*