„Фабриката за задоволства“ ве кани на сладок настан во Skopje City Mall

„Фабриката за задоволства“ ве кани на сладок настан во Skopje City Mall

Оваа сабота (03.02.2018) со почеток во 11 часот, ЕВРОПА ве кани на сладок настан исполнет со многу насмевки, подароци и полни кеси слатки задоволства по намалени цени! Повод за настанот е отворањето на продавница на нова локација во рамки на трговскиот центар Skopje City Mall.

Новата специјализирана продавница на македонската #ФабрикаЗаЗадоволства ќе биде лоцирана на приземјето на Skopje City Mall, а во неа посетителите ќе имаат можност да се засладуваат со највкусните чоколади, вафли, бонбони, рум штангли, крем банани и останатите производи од широката палета на слатки задоволства.

ЕВРОПА е една од најстарите компании од кондиторската индустрија на Балканот и функционира уште од далечната 1882 година, оставајќи сладок белег на голем број генерации. Своите почетоци ги започнува како скромна занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и други производи од шеќер, а денес е модерна фабрика за чоколади, вафли и бонбони со непогрешлив квалитет и бројни сертификати и признанија.

Како компанија која ги следи трендовите, ЕВРОПА постојано го надградува своето производство и воведува новитети во производна линија, а квалитетот останува непроменет затоа што секогаш користи висококвалитетни суровини. Новата детска линија на вафли и млечни чоколади „MiNi“, чоколатцата со ментол „Minti“ и неодоливите „Brixx“ за кратко време станаа омилени закуски на љубителите на слатки задоволства. ЕВРОПА е единствената фабрика во Македонија која произведува ексклузивни темни чоколади од 150, 450 и 1.200 гр., кои може да се најдат во сите специјализирани продавници.

Врвните мајстори на оваа #ФабрикаЗаЗадоволства подготвија слатки подароци и десерти за сите што ќе ја посетат продавницата во Skopje City Mall на 03.02 во периодот од 11-14 часот, а по повод отворањето голем дел од производите ќе бидат со намалени цени во текот на целиот викенд (03-04.02.2018).