Вкус кој освојува: Сос за тортиља чипс готов за 5 минути

Вкус кој освојува: Сос за тортиља чипс готов за 5 минути

Нема ништо поубаво од опуштање со некој добар филм. Но, не заборавајте да подготвите и вкусни залаци кои ќе го надополнат доживувањето.

Еве еден брз и фин предлог:

Состојки:

  • 400 гр младо сирење
  • 1 мала шолја авокадо исечкано на коцки
  • 1/2 мала шолја иситнет кромид
  • 2 лажици исечкан коријандер
  • 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка ким
  • 1/2 лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

  1. Во блендер ставете сирење, кромид, коријандер, сок од лимон, сол, ким и лук во прав. Сè заедно блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
  2. На крај додајте коцки авокадо, но не ги миксајте во целост, важно е да останат мали ситни парчиња.
  3. Послужете со тортиља чипс и уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text