Плех полн со пита деликатес – Сите пријатели ќе дојдат по рецептот

Плех полн со пита деликатес – Сите пријатели ќе дојдат по рецептот

Направете тепсија полна со супер вкус за која сите ќе бараат рецепт, а вашите домашни ќе бараат често да ја правите.

Зачувајте го овој рецепт за да можете лесно и брзо да им го испратите на сите кои ќе ви го побараат 🙂

Состојки:

  • 1,5 свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 300 мл топла вода
  • 2 јајца
  • 2 лажички сол
  • 700 гр брашно
  • 80 гр маргарин
  • 80 гр маст/путер
  • 1 јајце и сусам за премачкување
  • 300 гр овчо сирење

Начин на подготовка:

  1. Квасецот се меша со шеќерот и една до две лажици брашно. Се додаваат и двете јајца, солта, брашното и се замесува тесто.
  2. Нека нарасне, па по дваесетина минути поделете го на шест дела/топки.
  3. Тепсијата намачкајте со масло, па секоја топка развлечете ја со големина како тепсијата.
  4. Маргаринот и маста растопете ги, па секоја кора премачкувајте ја и ставајте сирење.
  5. Редете кора, растопена смеса од маст и маргарин, па иситнето сирење и повторувајте додека да се потрошат состојките.
  6. Доколку не сакате да употребите маст, користете путер.
  7. Последната кора испрскајте ја со масло и премачкајте ја со разматеното јајце, а најодозгора наросете сусам.
  8. Нека постои десетина минути, па оставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени помеѓу 30 и 40 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ова е тајната на совршена домашна пита: Тајната не е во корите, туку…

Брза пита со готови кори по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*